Logo
d

dm drogerie markt Makedonija

58 employees

dm drogerie markt е најголемиот дрогериски ланец во Европа. Првата дрогерија е отворена уште во 1973 година во Карлсруе, Германија. Денес dm е репрезентативен ланец со повеќе од 3.900 дрогерии во 14 земји ширум Европа и со повеќе од 71.000 вработени. Во нашата земја работиме од 2012 година. Оттогаш израснавме во компанија со 23 дрогерии во 10 градови ширум земјата и повеќе од 200 вработени. Нашиот постојан предизвик е работата на обликување на компанијата, за да ги задоволиме потребите на купувачите, да делуваме општествено одговорно во нашето опкружување и со заедничка работа да им ја дадеме можноста за усовршување на нашите вработени. Својата филозофија ја живееме преку богатиот асортиман со висок квалитет, кој брои повеќе од 14.500 производи. Нудиме најголем избор на сопствени трговски марки на нашиот пазар, со повеќе од 4.700 производи од сегментот на нега и убавина, природна козметика, органска исхрана, како и лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња. Важно ни е на сите вработени да им ја дадеме можноста за константно усовршување преку различни обуки, семинари и курсеви со цел развој и усовршување на лично и професионално ниво. Постојаното унапредување и модернизација на комуникацијата се наш приоритет бидејќи брзата и квалитетна информација е основа за добра реакција и задоволство на купувачите. Со нашите партнери негуваме долгорочна, взаемна и рамноправна соработка, за секој да може во нас да препознае партнер со кој може да ги оствари своите цели. Show more Show less

Basic info

Industry

Retail

Sectors

Retail

Date founded

2012

FAQ