Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Нашиот меѓународен тим брои над 2.500 вработени и соработници во над 250 филијали во шест европски земји – Македонија, Шпанија, Бугарија, Романија, Молдавија и Босна и Херцеговина. На финансискиот пазар во Македонија сме присутни од 2020 година и за само две години активно работење прераснавме во една од најголемите небанкарски финансиски институции во земјава, којa бележи постојан раст и одржлив развој, кој денес резултира со приближно 200 вработени и над 50 филијали во Р.Северна Македонија.