Макстил АД е производител на челик со долга индустриска традиција. Производниот процес е составен од два производни погона: Челичарница и Валавница за дебели лимови. Во погонот Челичарница се врши топење на старото железо во електро печка, потоа во казанската печка се врши рафинирање односно подобрување на својствата на течниот челик, за да на крајот во контилив машината се обликува челикот во слабови. Во Валавницата за дебели лимови од слабовите се валаат топловалани дебели лимови, согласно барањата на купувачите, бидејќи Макстил работи секогаш за однапред познати купувачи. Крајниот производ на Макстил се користи за инвестициона потрошувачка, во бродоградбата, машиноградбата, градежната индустријата како и во инфраструктурата. Макстил во моментот брои повеќе од 900 вработени. Компанијата Макстил АД е основана во 1997 год., од организациско, финансиско и сопственичко преструктуирање на Рудници и Железарнца “Скопје”, која започна со работа во 1967 година. Денес Макстил е во целосна сопственост на Duferco International Trading Holding . DITH е глобален лидер во трговијата и дистрибуцијата на челик и како и суровините неопходни за производство на челик. Мрежата за трговија и дистрибуција на DITH со седиште во Лугано е одговорна за околу 80% од целата продажба на челик на регионалните пазари на ЕУ и во САД, Канада, Средниот исток и Северна Африка. Сопствениот маркетинг тим на Макстил во Скопје управува со директна домашна продажба, како и во соседните земји, вклучувајќи: Бугарија, Србија, Романија и Хрватска. Производите на Макстил се користат во бродоградбата, во градежништвото за конструкција на мостови, за изработка на други метални конструкции, за градба на силоси, резервоари за нафтени деривати и други течности, за производство на цевки, за рударска опрема за површински копови, за изработка на шасии за тешки транспортери и шински возила, производство на садови под притисок, за производство на машински делови и алати.
1967