Секретаријатот за европски прашања (СЕП) е стручна служба на Владата чија цел е целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Нашата мисија е подготовка на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија а тоа ќе го обезбедиме преку: - Доследно спроведување на политиките на Владата, во насока на целосна реализација на стратешката определба за полноправно членство во Европската Унија - Целосна подготвеност за отпочнување и завршување на преговорите - Зголемена ефикасност за користење на средствата од ИПА - Отвореност кон граѓаните и вклученост на сите засегнати страни во процесот на преговори. Нашата визија е македонското општество да биде интегрирано во ЕУ, со европски демократски вредности на почитување на човековите права и слобода на изразување.