Logo
T

Tinex

190 employees

Тинекс e водечки малопродажен ланец на супермаркети во нашата земја, кој веќе 30 години настојува на своите потрошувачи, со својата разгранета мрежа, да им ги понуди најдобрите производи и услуги со врвен квалитет и одлични цени. На полиците секојдневно може да се најде широк асортиман на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од сопствениот бренд EXTRA, како и странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во Тинекс маркетите. Со цел на купувачите на едно место да им се понуди комплетна услуга и целосно да бидат задоволени нивните потреби, во склоп на повеќето супермаркети се наоѓаат и многу други трговски објекти како дрогериите Cosmo, Tinex TO GO, Tinex Home, Tinex Delicatessen, Retail Park GODI и SPOT продавници. Тинекс секогаш е насочен кон примена на најновите технологии и принципи на управување, кои се насочени кон усовршување на потрошувачкото искуство и максимизација на задоволството од пазарењето. Денес, семејството на Тинекс вклучува над 40 супермаркети во 11 градови низ Македонија, 7 Cosmo дрогерии, 5 TO Go ресторани,2 Daily ресторани, 2 HOME продавници на мебел и декор, 1 игротека Big Bang, 1 Retail Park GODI, првото Тинекс TO Go Drive Thru, 2 SPOT продавници,сопствен логистичко - дистрибутивен центар, погони за производство на готови јадења и обработки на месо и два трговски центри. Останатиот, и најзначаен дел од семејството на Тинекс го сочинуваат над 1200 вработени, над 100.000 потрошувачи и 2000 соработници, без кои секоја цел би била залудна и неостварлива.

Basic info

Industry

Retail Groceries

Sectors

Retail Groceries

Date founded

1994

FAQ